Гевгелија

Д-р Олумчев: Задоволителна епидемиолошката слика, поголема е бројката на оздравени, наспроти новозаболени во Општина Гевгелија

Во општина Гевгелија вкупната бројка на активни случаи од КОВИД-19 e 19 лица, изјави раководителот на Центарот за јавно здравје, епидемиолог д-р Сашко Олумчев, притоа оценувајќи ја моменталната епидемиолошка слика во општината како задоволителна поради фактот што во принцип поголема е бројката на испишани, оздравени пациенти, наспроти бројот на новозаболени.

„Во однос на лекувањето на пациентите заболени од КОВИД-19 со полесна и средно-тешка клиничка слика, можам да кажам дека Општата болница со проширена дејност- Гевгелија покажува одличен успех, секако, во согласност со пропишаните протоколи за лекување кои се применуваат во светот.

            За среќа, во градинките нема пријавен сомнителен случај, со надеж дека тој тренд ќе продолжи и понатака, се разбира, со доследна примена на мерките од страна на вработените, дечињата и родителите“, истакна Олумчев.

            Исто така,  тој упати порака до сите граѓани на општина Гевгелија: да се придржуваат на мерките за заштита од КОВИД-19, да избегнуваат групирање со поголем број луѓе во затворени простории, често да ги проветруваат просториите, да одбегнуваат користење климатизери и, секако, во пресрет на сезонските грипови во есен и зима да консумираат повеќе витамини и течности.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

4 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago