Во рамките на проектот “Креирање на центри за претприемништво во Источна Македонија“ во Радовиш се реализира тридневни обуки за претприемништво и бизнис планирање. Обуките се одржуваат во организација на ЦЕФЕ Македонија, а под покровителство на американската амбасада во Скопје.Главна цел на овие обуки е да ги обучи младите и да им даде знаења за започнување самостоен бизнис.
„Главан цел на овие обуки е да ѓи обучи и да им даде знаења и вештини за бизнис активностите како и подигање на свеста на кандидатите за можностите кои ги нуди започнувањето самостоен бизнис“, рече Пр. Д-р Оливера Ѓоргиева Трајковска, декан на Економски факултет во Штип.
Обуките се
наменети за сите потенцијални и постоечки претприемачи (за да ги
надоградат своите бизнис перформанси), вработени во организации кои го помагаат
претприемништвото (за да можат да ги разбираат потребите на прпетприемачите и
да овозможуваат подобра околина за нив), едукатори, креирачи на политики,
родители, вработени, студенти, средношколци, невработени, како и лица со
помалку можности!
На обуката по претприемништво, се усовршуваат вештини од генерирање и
селекција на идеи, преку организација, маркетинг, истражување на пазарот,
финансирање, се до креирање на бизнис план.
„Според досегашното
искуство и направените истражувања, ЦЕФЕ методологија, која
што веќе 30 години се реализира, покажува
дека праксата е најдобриот учител за стекнување бизнис компетенции и отварање на нови работни места. Околу 45% од учесниците
на овие обуки отвориле сопствен бизнис“, вели Емилија Митева Кацарски професор
на Економски факултет при УГД -Штип
Младите кои
на крајот од обуките се стекнаа и со сертификат
за претприемништво и бизнис планирање, задоволно од ваквите обуки кои им овозможуваат да ги остварат своите бизнис
идеи.