На предлог на Министерството за образование и
наука, на вчерашната седница е донесена Уредба за начинот на организирање и
реализирање на наставата во вонредни околности во основните и средните
училишта, со одлуки за времетраењето на часовите и на одморите, за почетокот на
учебната година, како и Одлука за утврдување на максималниот број на ученици во
паралелка во основните училишта и средните во услови на вонредни околности, за
оние училишта кои добиле согласност за организирање настава со физичко присуство.
Уредбата за начинот на организирање и реализирање на
наставата во вонредни околности во основните и средните училишта ги опфаќа и
сите други активности како што се проверката на постигањата на успехот на
учениците, организирањето на практичната настава, и другите наставно-образовни
активности.
На оваа седница е усвоена и Информацијата, и беа усвоени
протоколите за постапување на посебните основни училишта за реализација на
воспитно-образовниот процес со физичко присуство на учениците во учебната
2020/21 година за посебните училишта ПОУ „Иднина“-Скопје, ПОУ „Маца Овчарова“-
Велес, ПОУ „Д-р Златан Сремец“- Скопје, ЗРДОСГГДПР „Кочо Рацин“- Битола, ПОУ
„Св.Климент Охридски“- Ново Село, Струмица, ДУРДМОВ „Димитар Влахов“- Скопје, и
ЈУ Завод за заштита и рехабилитација „Бања Банско“- Струмица.
Владата денеска ја разгледа и усвои и Информацијата за
реализација на наставата во средните училишта за ученици со посебни образовни
потреби во учебната 2020/2021 година, и ги усвои поединечните протоколи за
постапување во средно образование за ученици со посебни образовни потреби.
На седницата беа усвоени и протоколите за работа во услови на
справување со вирусот КОВИД-19 во јавните ученички домови и во државните
студентски домови и други објекти за сместување, во академската 2020/21 година.