Избран нов претседател на Советот на Општина Радовиш
Избран новиот претседател на Советот на Општина Радовиш на одржаната итна 45 седница. Викица Манолева од Советничката група на СДСМ и коалицијата е избрана за претседател на Советот, на местото на Коле Чаракчиев кој беше избран за пратеник во Собранието на одржаните избори.
Седницата ја свика и ја водеше најстариот член во Советот
Роска Ѓоргиева, а на барање на опозицијата,
за што подетално образложение даде координаторот на ВМРО ДПМНЕ Бојан Митевски.
По краткото образложени од страна на советникот Бојан Митевски беше констатиран престанокот на мандатот на претходниот претседаел Коле Чаракчиев, по што беше формирана верефикациона комисија за верификација на мандатот на новиот советник кој дојде на местото на Чаракчиев. Откако комисијата ги прегледа потребните документи беше извршена верефикација на новиот советник.
Во продолжение на седницата беше формирана кандидациона комисија од 5 члена
на предлог од седум советници, до која пристигнаа два предлози за претседател
на Советот: Јован Лукаров од советничката група на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата и
Викица Манолева од СДСМ и коалицијата.
Со десет гласа за, за нов претседател на Советот беше избрана советничката Викица Манолева од СДСМ и коалицијата која ќе го води Советот во наредната една година. На седницата беше присутен и градоначалникот Герасим Конзулов.