Именувани замениците-министри во Владата, на предлог на претседателот Заев
На предлог на претседателот Зоран Заев, Собранието ги именуваше замениците-министри во Владата.
– Башким Хасани, е избран за заменик на министерката која раководи со Министерството за одбрана, – Назим Буши, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за внатрешни работи, – Димитар Ковачевски, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за финансии, – Агим Нухиу, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за правда, – Илхан Рахман, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците, – Фатмире Исаки, за заменичка на министерот кој раководи со Министерството за надворешни работи, – Зоран Маневски, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за економија, – Трајан Димковски, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, – Илир Хасани, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за здравство, – Арафат Шабани, за заменик на министерката која раководи со Министерството за образование и наука, – Енвер Хусејин, за заменик на министерката која раководи со Министерството за труд и социјална политика, – Зоран Димитровски, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за локална самоуправа, – Седат Сулејмани, за заменик на министерката која раководи со Министерството за култура, – Александар Бајдевски, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за информатичко општество и администрација, – Беким Реџепи, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за транспорт и врски и – Христина Оџаклиеска, за заменичка на министерот кој раководи со Министерството за животна средина и просторно планирање.
На именувањето на замениците на министрите во Владата, му претходеше обраќање на претседателот на Владата Зоран Заев, во кое тој образложувајќи ја предлог-листата со 16 заменици-министри, изрази уверување дека предложените кандидати, совесно и со најголема посветеност и одговорност, ќе ги извршуваат своите работни обврски согласно законот и определбите на Владата на РС Македонија за остварување на нејзината Програма и за остварување на стратешките интереси на држвата, како и интересите на сите нејзини граѓани.
„Сега е време да доработиме и да сработиме. Да ја исполниме нашата обврска да го испорачаме ветеното. Заедно со вас пратениците, со граѓаните, да продолжиме да пишуваме успешни страници за иднината, на нашата демократија и заедно да го чекориме патот до подобра иднина за сите“, истакна премиерот Заев на собраниската седница, на која ја претстави листата на заменици-министри во Владата.