Боров Дол го поддржува инфраструктурниот развој во Општина Конче
Новиот рудник за бакар Боров Дол започна да учествува во финансирањето на
инфраструктурни проекти за реконструкција на локалната патна мрежа во општина Конче.
Боров Дол донираше финансиски средства во висина од 7.700 eвра на општина Конче, наменети
за изработка на проектна документација
за целосна реконструкција на дел од локалниот пат до с. Габревци и на локалниот пат од Долни Липовиќ до Горни Липовиќ.
Градоначалникот Благој Илиев изрази благодарност до менаџерскиот тим на Боров Дол, без чија подршка немаше да се реалзираат овие два проекти.
Реконструкцијата на постоечката локална патна инфраструктура
во Конче, пред се ќе овозможи развој на економијата, транспорт на добра и
услуги и социјално поврзување на граѓаните на општина Конче, сметаат
од Боров Дол, од каде најавуваат дека ке продолжат со подршка за развој на
општината.
„Модернизацијата на патната
инфраструктура ќе овозможи и полесно и побезбедно патување на населението кое
што живее и работи во овој дел од општината.
Боров Дол ги поддржува проектите кои го подобруваат квалитетот на животот на граѓаните од
локалните заедници
во кои што работи, а унапредување на патната мрежа во Конче ќе придонесе за економскиот развој
на самата општина“, велат
од Боров Дол.