ВМРО-ДПМНЕ вчера го одржа првиот граѓански протест против поскапување на струјата, кои протести како што најавија ќе ги има и понатаму на други теми.
„Сакам од срце да се заблагодарам на сите што учествуваа на денешниот протест, но и на оние кои не поддржуваат и со своите срца се со нас, но поради разни причини не беа во можност да се приклучат.
Јасно е дека народот е незадоволен и дека не смееме да дозволиме
да имаме поскапа струја, а посиромашен народ“, порача лидерот
Христија Мицкоски.
„Крадењето на народот мора веднаш да запре.
ВМРО-ДПМНЕ
испорача 3 барања, кои очекуваме мафијата на власт да ги прифати за доброто на
народот во најбрз можен рок.
- Враќање на старата цена на електричната енергија.
Наместо да му овозможувате вонреден профит на универзалниот снабдувач, да
се намали процентот.
- Воведување на неделен викенд без данок на додадена
вредност. Народот очекува 18% проценти помали цени преку викенд.
- Професионализација на Регулаторната комисија за
енергетика, со цел воспоставување на систем и фер цени на електричната
енергија.
Народот бара
власта да работи за него, а не против него. Народот бара власта да не се богати
на негов грб.
Владата мафијата и криминалот кои се едно исто во Македонија мора да паднат“, стои меѓу другото во соопштението од ВМРО- ДПМНЕ.