Македонија

Со положување на свежо цвеќе одбележан Денот на независноста 8 септември во Радовиш

Денеска во Радовиш на свечен начин со положување свежо цвеќе беше одбележан Денот на независноста на Република Македонија  8 Септември.   По повод 29 години од прогласувањето на независноста и самостојноста на државата,  на спомен обележјето пред зградата на ЕЛС Општина Радовиш беше положено свежо цвеќе.

Во име на целокупната општествено-политичка јавност, венец од свежо цвеќе положи Градоначалникот на општина Радовиш Герасим Конзулов и делгација од Рудникот Бучим предводена од заменик генералниот директор Николајчо Николов.

До сите граѓани беше упатена честитка за Денот на незвисноста од име на Градоначалникот на Општина Радовиш Герасим Конзулов.  Настанот се одржа во посебни услови согласно протоколот за одбележување државни празници на комисијата за заштита од заразни болести односно со минимум присутни лица и почитување на здравствените протоколи и обезбедена дистанца и заштита.

На 8 септември 1991 година со убедливо мнозинство – 95% од граѓаните што излегоа на референдумот, позитивно одговорија на референдумско прашање: „Дали сте за самостојна Македонија со право да стапи во иден сојуз на суверени држави на Југославија“?

Денот на независноста на Македонија е државен празник кој се празнува   на 8 септември. Празникот популарно е наречен и 8-ми Септември и ја означува сувереноста, независноста и самостојноста на Македонија и македонскиот народ.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

4 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago