Радовиш

Општина Радовиш започна со изградбата на улица број 2, во Урбан блок 9, веднаш под булеварот

Започна изградбата на улица бр.2 во Урбан блок 9, веднаш под булеварот во Радовиш. Неколкуте семејства кои веќе живеат на оваа улица се соочуваа со големи проблеми при движењето по улицата, поради прашината во текот на летниот период и калта при врнежливо време. Тие честопати како што велат реагирале до општината, за да се асфалтира улицата и притоа времено била посипана со струган асфалт, за да да можат да се движат по неа. Со изработка на проектот Општина Радовиш издвои средства од својот Буџет и започна со реализација на истиот.

Овие денови градежната механизација на фирмата изведувач, изведува градежни работи на улица бр.2 во Урбан блок 9.

Новата улица ќе има асфалтен коловоз, тротоари и атмосферска канализација. Граѓаните задоволни што конечно ќе се реши проблемот  со кој се соочуваа во изминатиот период, и ќе пристигнуваат до своите домови по улица каква што доликува за еден град, но не коментираа пред камера. Единствено посакуваат што поскоро да се заврши реализацијата и конечно да го видат асфалтот пред своите домови.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

4 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago