Земјоделие

МЗШВ: Континуирано ја следиме состојбата со откупот на грозјето и откупните цени

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, континуирано ја следи состојбата со откупот на грозјето и откупните цени.

Во овој период се врши берба и откуп на висококвалитетните сорти на грозје, од втората половина на месецов започнува бербата на вранецот, а при крај на месецот започнува бербата на смедеревката.

Државниот инспекторат за земјоделство е постојано на терен, со цел да има непречен откуп на грозјето.

МЗШВ изминатиот период одржа состаноци со винарските визби и со здруженијата на лозари, со цел да се најде взаемно решение за годинешната откупна цена на грозјето.

„На последниот состанок со винарниците се дадоа предлози и идеи, како да им се помогне и на лозарите и на винарците. Предложивме на партнерски основ- откупната цена да биде 11 денари за килограм вранец и 9 денари за килограм смедеревка, при што Владата ќе интервенира со четири денари субвенција, за да може да се  постигнат ланските цени, односно 15 со 13 денари. Воедно, се размислува да има и субвенција за висококвалитетните сорти грозје, што би била за првпат воведена годинава.“ – се вели во соопштението на МЗШВ

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство како и секогаш има партнерски однос со лозарите и отворената комуникација ќе продолжи и во следниот период, и е отворено за сите предлози. Во тој контекст, МЗШВ ќе организира состанок и со здруженијата на лозари, со цел да ги кажат своите предлози и да се донесат мерки и решенија коишто ќе бидат прифатливи и за лозарите и за винарниците.

Оваа година е специфична и тешка поради состојбата со пандемијата предизвикана од вирусот КОВИД 19, и затоа како МЗШВ и Владата на РСМ, ќе преземат се што е потребно, за да се ублажат негативните последици од здравствената криза врз производството на грозје и вино.

Media Press

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago