Денеска е 1 септември ден кога требаше да заѕвони училишното ѕвоно. Учениците денеска не се вратија во училишните клупи. Не беше подготвена ниту посебна програма за прием на првачињата.
Корона кризата ги промени
времињата, повеќе ништо не е исто како што велат некои од граѓаните. Училиштата
празни и тивки не беа повеќе училишта туку празни згради кои немо ги очекуваат
своите ученици.
Претходните години овој ден беше најрадосниот за сите дечиња. Посебно за првачињата кои со голема радост и возбуда за прв пат седнуваа во училишните клупи. Се играше и пееше, се рецитираше во нивна чес. Наставниците и директорите им посакуваа срдечно добредојде, џагор по улиците, а денеска тишина.
И во средното училиште Коста Сусинов во Радовиш, ја немаше вообичаената радост, младоста, искрените гушкања и поздравувања, што пак се сретнаа. Училиштето подготвено, исчистено, клупите наредени и избришани, но ученици нема. Од први октомври се очекува да започне новата учебна година, но повторно не за сите туку само за учениците од 01 до 3 одделение, останатите онлајн. Училишното ѕвоно во средните училишта нема да заѕвони ниту од 1 октомври. Но сепак училиштата во Општина Радовиш се подготвени за почеткот на новата учебна година и со физичко присуство на настава.