Советот на Општина Радовиш не ја одржа закажаната 45-та итна седница, иако советниците беа присутни. По неколку минути чекање и договорање, кој да ја води седницата, бидејќи досегашниот претседател на Советот Коле Чаракчиев е веќе пратеник во Собрание, а и поради отсуството на претставник од правната служба, седницата ја отвори претставник од Општината со повикување на највозрасниот советник Роска Ѓоргиева да ја води истата.
Уште на почетокот советниците започнаа со процедурални забелешки дека седница е свикана неосновано и незаконски. И дека не може да се одржи на овој начин и покрај итноста заради усвојување на годишните програми за работа на основните и средното училишта, кои законски треба да бидат усвоени до крајот на август.
По вербалната дискусија заменичката на претседателот на
Советот Роска Ѓоргиева даде десет минути пауза за да се договорат советниците
меѓу себе, дали ќе продолжи седницата.
По враќањето од пауза Советничката група од ВМРО -ДПМНЕ
имајќи ја предвид итноста на точките за образованието, излезе со барање најпрво
да се избере нов претседател на Советот а потоа да ги гласаат годишните
програми за училиштата.
А советниците од СДСМ и коалцијата со догвор седницата да се одложи за наредните два три дена за што дополнително ќе бидат известени сите советници, по што заврши истата.