Општина Радовиш започна со изградба на нов паркинг простор за потребите на
училишниот и општинскиот линиски превоз.
Со тоа се очекува конечно да биде решен проблемот со паркирањето на комбињата
на такси превозниците кои вршат превоз на патници и ученици од населените места
од општината. Тие сеуште го користат паркинг просторот пред Здравствениот дом во Радовиш, за што
често беа критикувани дека го окупираат паркинг просторот наменет за
вработените во здравствениот дом и за пацинетите.
„Ние често бевме критикувани што го користиме паркингот. Неколку пати бевме
и преместувани на други локации, покрај реката и пред спортската сала, но тоа
не им одговараше на нашите патници и повторно се враќавме на овој паркинг,
бидејќи овде беше најдобро за патниците“, велат дел од превозниците кои денеска
ги затекнавме на своето работно место чекајќи ги своите патници.
Тие не сакаа да зборуват пред камера, но
сепак го поздравија овој потег на
општината и на градоначалникот Герасим Конзулов што конечно некој се сетил за нив.
Со изведбата на паркингот кој е во непосредна близина на СОУ „Коста Сусинов“ ќе се
зголеми безбедноста во сообраќајот пред училиштето и заштитат учениците кои
користат организиран училишен превоз, а сепак е во близина и на
здравствениот дом за што најчесто имаат потреба граѓаните кои доаѓаат од
населените места.