Мандатарот Зоран Заев
денеска во 11 часот до Собранието ќе го достави предлог-составот за новата
влада и предлог-владината програма.
Новата Влада ќе има 19
министри, наместо досегашните 26. СДСМ ќе има 11 министри, од кои осум со ресор
и тројца вицепремиери кои ќе бидат предложени како министри без ресор со
одредена надлежност.
Зоран Заев како што најави останува премиер, со отстапување на премиерското место 100
дена пред наредните парламентарни извбори.
За членови на владата се предложени: Љупчо
Николовски како вицепремиер за борба против корупцијата, Фатмир Битиќи –
вицепремиер за економија, Никола Димитров – вицепремиер за европски прашања,
Оливер Спасовски – министер за внатрешни работи, Радмила Шекеринска –
министерка за одбрана, Бојан Маричиќ – министер за правда, Благој Бочварски –
министер за транспорт и врски, Венко Филипче – министер за здравство, Мила
Царовска – министерка за образование и наука, Јахода Шахпаска – министерка за
труд и социјална политика и Ирена Стефоска – министерка за култура.
Аријанит Хоџа од Беса ќе го води Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, а
Горан Милевски од ЛДП ќе биде министер за локална самоуправа и во новата влада.
ДУИ во владата ќе има
шест члена, Артан Груби ќе биде прв вицепремиер и министер за политички систем,
Бујар Османи – министер за надворешни работи, Фатмир Бесими – министер за
финансии, Крешник Бектеши останува министер за економија, а Насер Нуредини
министер за животна средина. За министер за информатичко општество и
администрација е предложен Јетон Шаќири.