Струмица

СВР Струмица продолжува со контроли во угостителските објекти

Секторот за внатрешни работи-Струмица во соработка со Државниот пазарен инспекторат, во рамките на своите надлежности во претстојниот период ќе продолжи со превземање интензивни мерки и активности во угостителските објекти на подрачјето, насочени во делот на: присуство на малолетници во угостителски објекти после 24:00 часот,  непостапување  според здравствените прописи за време на епидемија, точење алкохолни пијалоци на малолетници гласната музика и непочитувањето на работното време.  

За сите сопственици на угостителските објекти  кај кои  ќе бидат констатирани прекршоци и кривични дела, Секторот за внатрешни работи-Струмица согласно своите надлежности,  ќе  изготви  соодветни поднесоци, а за правните лица  ќе предложи  изрекување на соодветни прекршочни и кривични санкции.

Во текот на викендот  во 3 (три ) угостителски објекти на подрачјето на  општина Струмица  констатирани  се кривични дела предвидени во чл.206 од КЗ, во 1(еден) угостителски објект констатиран е прекршок “Пуштање гласна музика„ во 1 (еден) угостителски објект констатиран прекршок “Присуство на малолетници подоцна од 24,00 часот“ предвидени во Законот за прекршоци против јавниот ред и мир.            

Секторот за внатрешни работи -Струмица  апелира до сопствениците на угостителските објекти и граѓаните,  да ги почитуваат препораките од Владата на Република Северна Македонија и законските правила и прописи.

Доколку се констатира состојба спротивна на Законот  и препораките на Владата истата  соодветно ќе се санкционира.

Media Press

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago