Радовиш

Две победи на РК Радовиш во контролните натпревари против Тиквеш и Богданци

Ракометарите на Радовиш одигра тест-натпревари со тимовите Младост од Богданци и новиот суперлигаш Тиквеш. Во првиот одигран натпревар со Тиквеш во Кавадарци минатата недела, Радовишани издвоија победа од 31-34 на гостински терен.

На натпреварот со Богданци, Радовишани по втор пат издвојуваат победа овој пат на домашен терен со резултат 31:24. Доминацијата на Радовиш се покажа уште во првото полувреме кое се заврши со шест голови разлика.

Овие резултати покажуваат дека тимот на Радовиш е сериозен противник во Супер лигата. Покрај Охрид и Пролет, Радовиш ќе цели кон третото место на табелата.

Следен натпревар на тимот од Радовиш е во Среда, 26 Август во СРЦ „25 Мај“ во Радовиш каде повторно ќе се игра против тимот на Тиквеш.

Media Press

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

4 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago