Македонија

Богојески: Помина 23 Август, во Македонија ниту една институција не го одбележа овој значаен ден

Помина 23 Август, денот кога се сеќаваме на сите жртви на тоталитарните и авторитарни режими во 20 век.  Ова зло не смее да се заборави, потсетува Богојески од Македонски концепт.

„Во Македонија ниту една институција не го одбележа овој значаен ден! 
Тоа е најголем доказ дека Македонија сеуште не е слободна. Фактот на немање капацитет на државните институции, јасно и недвосмислено да ги осудат тоталитарните режими, особено комунизмот, резултираа на овие избори со целосно идеолошко застранување, кое не одведе во сосема погрешен правец, Парламентот стана дувло на национал – болшевизам! Тоа мора да падне.

Македонија е независна но сеуште не е слободна. Време е за следниот чекор. Да ја ослободиме Македонија!“ вели Петар Богојески од Македонски концепт.

Инаку ЕУ го прогласи 23 август, за Ден на сеќавање на жртвите на сите тоталитарни и авторитарни режими во Европа, ставајќи ги на исто рамниште нацистичкиот и сталинистичко-комунистичкиот режим. Слични резолуции, неколку години претходно, беа усвоени и од Комисијата за политички прашања на Парламентарното собрание на Советот на Европа.

Тоа беше почеток на „приказната за двата тоталитаризми” – нацизмот и комунизмот како два еднакви кошмари на Европа на 20 век.

Декларацијата предлага 23 август, денот на потпишување на договорот меѓу Хитлер и Сталин, да биде ден на сеќавање за жртвите на на сите тоталитарни и авторитарни режими.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

4 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago