Општина Радовиш
објави Јавен Повик за евидентирани невработени лица за вклучување во Програмата
„Општинско – корисна работа“
Од општината ги повикуваат сите
евидентираните невработени лица кои се заинтересирани да се вклучат во
Програмата „Општинско-корисна работа“, проект “Еднаков пристап за
социјални услуги и грижа за сите ” заради стекнување на вештини и постепено
вклучување на пазарот на труд, да се пријават Центарот за вработување- Радовиш, за
работно ангажирање со скратено работно време за период од
· 6 (шест) месеци (доколку поседуваат соодветен
сертификат за давање на социјални услуги);
· 7 (седум) месеци (доколку преку Програмата
треба да се стекнат со соодветен сертификат за давање на социјални услуги), и
· 9 (девет) месеци (доколку се вклучат во
поддршка на деца со попречености во редовен наставен процес).
Евидентираните невработени лица кои ќе бидат
вклучени во Програмата „Општинско-корисна работа“ ќе бидат работно ангажирани
со скратено работно време со 20 (дваесет) работни часови неделно, при што за
време на работниот ангажман, статусот на невработените лица останува
непроменет, а на невработените лица-корисници на социјална помош за времетраење
на работниот ангажман ќе им биде активно правото на користење на социјална
помош.
Право на учество во Програмата
„Општинско-корисна работа“ имаат сите невработени лица, при што предност ќе
имаат лицата кои за прв пат се јавуваат за учество во Програмата.
За кандидатите кои ќе бидат
избрани и вклучени во Програмата „Општинско-корисна работа“ се предвидува
паричен надоместок во висина од 9.000,00 денари бруто износ, со вклучени данок
на личен доход и осигурување за инвалидност и телесно оштетување причинето со
повреда на работа и професионална болест.
Евидентираните невработени лица кои ќе се
пријават за учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ треба да
припаѓаат на една од следните целни групи невработени лица:
– долгорочно невработени лица (над 12 месеци во евиденција, со предност на невработени лица над 5 години), – млади лица до 29 години – лица постари од 50 години, – лица корисници на гарантирана минимална помош, – лица корисници на паричен надоместок по основ на невработеност, – лица кои имале статус на деца без родители и родителска грижа, – жртви на семејно насилство, -лица со попреченост, -жени припадници на ромската етничка заедница и на останатите етничките заедници, -лица припадници на ромската етничка заедница, -лица на кои им е решен статусот со лична документација, -самохрани родители, -родители на деца со пречки во развојот, -родители на 3 и повеќе деца, – родители на деца на улица, -осудени лица по отпуштање од казнено поправна установа, -бездомни лица, -поранешни корисници на дрога, -лица со незавршено средно или пониско образование.
Работните позиции кои се опфатени со овој
оглас се однесуваат на ангажирање на :
– 7 соработници
за посета на стари лица (во период од 6- 7 месеци)
– 2 лични
асистенти (во период од
9 месеци)
– 4 образовни
асистенти (во период од
9 месеци )
Заинтересираните невработени
лица Пријави за учество во Програмата „Општинско-корисна работа“
можат да поднесат во Агенција за вработување- Центар за вработување Радовиш- во
периодот од 20.08.2020 година до 26.08.2020 година, од 08:00 до 14:00 часот.
Детални информации за Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да се добијат во општина Радовиш кај лицето Роберт Донев , Општински координатор за Програмата „Општинско-корисна работа“, Центар за вработување Радовиш кај лицето Офелија Илиева, Центар за социјална работа Радовиш кај лицето Драги Димитриев.