Земјоделие

Уште десет дена за поднесување на барања за субвенции за oсигурување

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој,  ги потсетуваат сите земјоделци дека остануваат уште десет дена за поднесување на барања за помош за премии во осигурување. Ова значи дека, сите земјоделци кои веќе ги осигурале  посевите или добитокот, ќе можат до 31.  август 2020 година да достават барање за добивање на финансиска поддршка за полисите за осигурување. Барањата се доставуваат секој работен ден во Подрачните единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Преку оваа мерка, државата субвенционира 60 отсто од средствата што земјоделците ги дале за полисата за  осигурување на родот и добитокот. На овој начин директно им се помага на земјоделците во намалување на трошоците за заштита на родот од временски непогоди  а истовремено се штитат и од можни загуби доколку дојде до нив.

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, апелира до сите земјоделци да не го чекаат последниот рок за поднесување на барањата, туку навреме и со користење на заштитни маски за заштита од корона вирус да ги достават барањата до Подрачните едници на министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Media Press

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

4 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago