Македонија

ССНМ: Сопствениците на медиуми незаинтересирани да зборуваат за работничките права, медиумските работници со ниски плати

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници во месец јуни спроведе анкета меѓу вработените во медиумите за работните услови, платите и влијанието на корона пандемијата врз нивната работа. Клучните наоди од одговорите на вработените беа дека новинарите и медиумските работници имаат плата далеку под државниот просек, а дополнително се загрижени од неизвесноста за задржување на работното место и висината на приходите поради КОВИД 19 . Во двете анкети беа вклучени 150 новинари и медумски работници.

ССНМ направи и трета анкета меѓу сопствениците на медиумите. Беа испратени анкетни прашалници на 50 сопственици, но на прашањата одговорија само 5 . Да напоменеме дека анкетниот прашалник им беше доставен на газдите два пати, но тие не сметаа дека е неопходно да одговорат на прашања за работничките права и обврски во нивните медиуми. Ова е прва анкета во која беа прашани сопствениците на медиумите за статусот на вработените и влијанието на корона вирусот врз нивните организации .

Фактот што само пет од педесет испитаници одговориле на анкетата, доведува до неможност за донесување на релевантен заклучок за тоа како сопствениците на медиумите се справуваат со влијанието на пандемијата врз нивните вработени и медиумот воопшто. Наспроти тоа се донесува заклучокот дека сопствениците на медиуми не се засегнати, ниту отворени за давање на одговори на тема која ја отсликува состојбата во новинарството и работничките права на вработените во медиуми во земјава во време на пандемијата со КОВИД-19 .

Од добиените одговори едниот од испитаниците – сопственик на телевизија и двајца сопственици на електронски медиуми велат дека имаат финансиски загуби за време на пандемијата со КОВИД-19, која најмногу влијаела на пад на рекламите. Сепак, овие сопственици велат дека не ги намалиле платите на вработените, во кризните месеци, а нема ниту до крајот на годината . Во нивните медиуми нема отпуштања поради корона кризата.

Од друга страна, двајца сопственици на електронски медиуми не претрпеле финансиски загуби за време на пандемијата со КОВИД-19, последователно на тоа не ги намалиле ни платите, ниту пак имале отпуштања на вработени.
Сопствениците загрижени за безбедноста на вработените за време на пандемијата со КОВИД-19
Сопствениците на петте медиуми велат дека навремено набавиле заштитна опрема за вработените, што е спротивно на тврдењата на голем дел од вработените 22 % кои одговориле дека во медиумите кај што работат не биле набавени заштитни средства .

На прашањето „Што имате направено за да ја зголемите безбедноста на работното место?“, тројца сопственици на електронски медиуми одговориле „Работа од дома“, еден сопственик на електронски медиум одговорил „Работа во смени“, а сопственикот на телевизија одговорил „Работа во повеќе групи“.

*Петте испитаници кои одговориле на анкетата се на возраст од 41 до 58 години, четворица од нив се мажи и една жена . Еден од нив е сопственик на телевизија, останатите се сопственици на електронски медиуми, сите се со завршено високо образование

На прашањето дали во нивната редакција постои синдикална организација потврден одговор дале само двајца сопственици на интернет портали. Додека синдикално организирање нема во телевизијата и во два електронски портали, а на дополнителното прашање зошто нема, сопственикот на телевизија одговорил „не знам“, еден сопственик на електронскиот портал одговорил „премногу мала редакција“, еден испитаник не дал одговор .

„На прашањето „Дали би им правеле проблеми на вработените доколку синдикално се организираат“, еден од сопствениците на електронски медиуми одговорил со „ДА“. Останатите четворица испитаници се изјасниле дека не би им правеле проблем на вработените доколку синдикално се организираат .

Според анкетите кои беа направени меѓу 150 новинарите и медиумски работници најголемиот дел од нив зема плата од 15.000 до 20.000 денари. Дури 101 или 67% од испитаниците одговориле дека не се задоволни со платата или хонорарот, а 49 или 33% одговориле дека се задоволни .

Медиумскиот бизнис дополнително е на удар од корона-кризата, а тоа се одрази и на губењето на работно место и намалување на платите. Четворица останале без работа, а седумнаесет проценти од медиумските работници одговориле дека им била намалена платата.

Ова истражување покажа дека медиумските работници се на првата линија до опасноста од корона пандемијата, но и на директен финансиски удар. Потребата од помош е повеќе од очигледна, ако се земат предвид одговорите на испитанците. Седумдесет и три проценти одговориле дека им е потребна финансиска помош. Меѓу медиумските работници владее страв и паника, па така 48 одговориле дека им е потребна психолошка поддршка. Тука особено е значајно да се напомене дека 62% од анкетираните потврдуваат дека овој начин на живот и работа влијаат врз нивното ментално здравје“, посочуца ССНМ .

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

4 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago