На достоинствен начин
во духот на вистински православни христијани вчера и денеска Радовиш го
одбележа празникот посветен на Свети Спасо Радовишки заштитник на градот. Годинава поради добро познатата
ситуација со корона вирусот,
чествувањето се состоеше само од Духовен дел.
Празнувањето на Св. Спасо Радовишки започна вчера со вечерна богослужба во црковниот храм Света Троица, со која чиноначалствуваа Митрополитот Брегалнички Г-дин Иларион, и свештеници од Брегалничката епархија.
По
вечерната богослужба се одржа молебен на параклисот
посветен на „Св. маченик Спасо
Радовишки“, на истоимениот градски плоштад во Радовиш, во присуствуво на голем број верници, граѓани на Радовиш.
Празнувањето на заштитникот на градот Радовиш „Св. Спасо Радовишки„ продолжи и денеска во храмот „Св. Троица“ со Божествена Литургија на со која чиноначалствуваше Митрополитот Брегалнички Г-дин Иларион, и свештеници од Брегалничката епархија.
На денешната литургија беа
присутни и градоначалникот на Општина Радовиш Герасим Конзулов, извршниот директор
на Рудникот Бучим Николајчо Николов и други верници.
Годинава беше изоставена културно забавната програма, како и духониот концерт,
почитувајќи ги мерките на институциите за да не се органзираат масовни собири.
И Овогодишното чествување на празникот „Св. Спасо Радовишки е во организација на Македонската православна цркава, храм Света Троица и Општина Радовиш.