Финска ги
суспендира летовите од Македонија до 29 август поради зголемениот број заразени
патници со Ковид-19 кои доаѓаат од земјата во последниот период.
Иако, македонски државјани не се меѓу заразените патници, финските власти ја
класифицираа Македонија како земја со висок ризик, поради големиот број случаи
на Ковид-19.
Суспензијата
на летовите следува два дена откако уште 17 патници кои пристигнале со летот на
Визер од Скопје во Турку во вторникот биле позитивни на Ковид-19.
Како што истакнаа финските
власти, тестирани биле 113 од вкупно 127 патници во авионот, и сите се ставени
во карантин, пренесе „Хелсинки тајмс“.
Вкупно
досега на последните четири лета од Скопје до Турку се регистрирани 60 случаи
на корона вирус.
На првиот
лет на 8 август, позитивни беа 26 лица, на вториот на 11
август пет, а на 18 август уште 12.
Најголем
дел од патниците во четирите лета биле со патни исправи на Косово и на Финска. Инаку
комисијата за заразни болести вчера предложи PCR-тест за
граѓаните од Косово кои транзитираат низ Македонија.
Авиолинијата
Скопје-Турку која е привремено суспендирана, се реалзира двапати неделно, во
вторник и во сабота.
Финска воведе ограничувања и за летовите од
Исланд, Грција, Малта, Германија, Норвешка и Данска.