Македонија

Богојески: Чуму предвремени избори, ако ја имаме истата Влада?!?

Петар Богојески, лидер на Македонски концепт, со реакција по повод постигнатиот договор помеѓу СДСМ и ДУИ, за формирање нова Влада.

Интегрален текст:

„Извесно е дека, за неколку денови ќе ја добиеме старо – новата Влада, од коалицијата на СДСМ и ДУИ!  Чуму беа предвремени избори, ако ја имаме истата Влада?!? Каде се тешките зборови на СДСМ за ДУИ, а особено оние на ДУИ за СДСМ? Каде се предизборните ветувања? Нели СДСМ тврдеше, дека ДУИ се криминалци и треба да одговараат? Дали сега ги амнестираа или се договорија да одговараат, самите пред себе? Завршија изборите и заборавивме на се?

Како ќе се оправда народниот револт против нивното претходно владеење… афери… лоши решенија… кога повторно им беше премолчено нивното “распределување на гласови”, кој колку ќе си посака?!? Како ќе го објасни привременото раководство на ВМРО ДПМНЕ, нивното соучесништво во “изборното распределување на гласови”?

Македонија останува да функционира во перманентна политичка криза. Оваа Влада ќе биде исто толку нестабилна, како досегашната, а опозицијата влегува во длабока криза на поделби и раслојувања, како резултат на неспроведените реформи пред три години. Добиваме Влада на криво насадена и расформирање на опозиција. Сето тоа е резултат на лошиот изборен законик, во кој итно треба да се менуваат најмалку две работи, за да излеземе од оваа неподносливо долга политика криза. Тоа е изборниот модел и еднаквата стартна позиција за настап на избори за сите партии, без разлика мали или големи.

Власта глуми дека тоа го поддржува, опозицијата јавно е против, зашто е слепа и неспособна да разбере дека тоа, токму на неа и одговара.

Време е да потрошиме внимание и енергија, да ставиме крај на оваа политичка криза! Време е за реорганизација на опозицијата!
Време е за укинување на контролираната демократија и воспоставување на вистинска власт на народот!“ стои во реакцијата на Богојески.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

4 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago