Македонија

Претседателот Пендаровски оствари средба со претседателот на ВМРО – ДПМНЕ, Христијан Мицкоски

Вчера во попладневните часови  во Вила Водно, се одржа средба помеѓу претседателот, Стево Пендаровски и претседателот на ВМРО – ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Претседателот Пендаровски во изјавата по средбата истакна дека врз основа на Уставните одредби, но и врз основа на консултациите со еминентни правници, рокот за доделување на мандат започна да тече од денот на верификација на мандатите на 120-те пратеници, потенцирајќи дека според Уставот во тој период  е должен да го довери мандатот на кандидатот на партијата или партиите коишто имаат мнозинство во Собранието, или пак на оној којшто го уверил дека преговара со повеќе политички партии за обезбедување мнозинство. 

Претседателот нагласи дека во однос на тврдењето на господинот Мицкоски, тој има сосема спротивен став кој се базира на читање на Уставот и следење на политичката пракса во изминативе 30 години на толкување на таа уставна норма. Претседателот Пендаровски во тој контекст истакна дека од верификацијата на мандати почнува броењето на десетте дена во кои Претседателот е должен да го даде мандатот, односно, дека тоа не е опција, туку мора да го стори тоа, според членот 90 од Уставот, кој вели „Претседателот е должен да го даде мандатот“.

Притоа Пендаровски потсети на ситуациите во 2006-та и во 2016-та година, кога со писмо од тогашните претседавачи на Собранието, Стојан Андов и Трајко Вељановски биле известени тогашните претседатели, Бранко Црвенковски и Ѓорге Иванов дека со верификација на мандатите на пратениците Собранието е конституирано. 

Одговарајќи на новинарско прашање, претседателот Пендаровски посочи дека со исклучок на претседателот на СДСМ, Зоран Заев, ниту еден од останатите претседатели на парламентарните партии не го информирал дека може да обезбеди парламентарно мнозинство.

Тој нагласи дека ниту еден претседател досега не барал изјави, освен Ѓорге Иванов вториот пат, откако Груевски не создаде парламентарно мнозинство, па мандатот требаше да го добие Зоран Заев. Тој додаде дека мнозинството од 61 пратеник не се утврдува кај претседателот со потписи или со нотарски заверени изјави, туку се утврдува на денот на гласањето во Собрание за нова Влада.

Во својата изјава претседателот Пендаровски образложи дека доколку во следните 20 дена, претседателот на СДСМ Зоран Заев не успее да формира парламентарно мнозинство, тогаш мандатот ќе го добие претседателот на ВМРО – ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago