Македонија

МТСП: Протоколот е изготвен и прифатен од градинките, групите се прилагодуваат согласно насоките

Министерството за труд и социјална политика информира дека на одржаниот состанок со Комисијата за заразни болести и претставници на Министерството за здравство било одлучено да се направи ажурирање на податоците за бројот на деца за кои родителите се изјасниле дека ќе посетуваат градинка.

Согласно донесениот Протокол, приоритет за згрижување има дете на самохран  родител којшто е во работен однос и дете на двајца родители кои се во работен однос а работните задачи мора да ги извршуваат на работното место.

Информацијата ќе биде изработена врз основа на податоците од сите градинки, јавни и приватни, соодветно на доставените потврди од родителите.

„Министерство за труд и социјална политика во соработка со Комисијата за заразни болести има изработено Протокол- оперативен план за активности во установите за згрижување и воспитание на деца по укинување на вонредната состојба, усвоен од Владата на 29.05.2020 година и истиот беше испратен до Јавните и приватните установи за деца – детските градинки за нивно постапување. Протоколот е објавен во „Службен весник“, велат од ресорното министерство, од каде појаснија дека Протоколот е прифатен од страна на сите градинки и истите ги прилагодуваат групите согласно насоките. 

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

4 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago