Денеска се одбележуват деветнаесет години од Охридскиот Рамковен договор кој беше потпишан на денешен ден и со кој беше ставен крај на неколкумесечниот воен конфликт во Македонија во 2001 година.
Охридскиот рамковен договор е договор за внатрешното уредување на малцинските права во Република Македонија, потпишан на 13 август 2001 година помеѓу
претставниците на тогашните најголеми политички партии и специјални
претставници на ЕУ и
на САД. Охридскиот договор е склучен во
текот на ескалацијата на насилства помеѓу етнички албанската ОНА и македонските вооружени сили во Конфликтот во 2001. Поради тоа, многу граѓани,
особено од македонска националност, го сметале договорот за насилно изнуден и
неприфатлив.
Осум
години подоцна (2009), експертите и граѓаните се сѐ уште поделени околу тоа
дали е Охридскиот договор извор на стабилност или, напротив, извор на
нестабилност за Република Македонија. Сепак, договорот и понатаму доследно се
спроведува и се претвори во платформа за промоција и заштита на правата на
припадниците на албанската етничка заедница.
Преговорите се одвивале во Вилата Билјана во Охрид во текот на јули и август 2001, каде
што е и парафиран договорот на 10 август 2001, па оттаму името Охридски
договор.
Преговорите
траеле речиси еден месец и во нив учествувале претседателот на РМ Борис Трајковски, претставниците на политичките
партии: Бранко Црвенковски,
претседател на СДСМ, Љубчо Георгиевски, претседател на ВМРО – ДПМНЕ, Имер Имери, претседател на ПДП, и Арбен Џафери,
претседател на ДПА, потоа
претставници на ЕУ: Франсоа
Леотар и Хавиер
Солана, претставници на САД: Питер Вејт и Џејмс Пердју, разни
советници и експерти: Владо
Поповски, Љубомир Фрчковски и
други.
Преговорите
биле мошне напнати, бидејќи се одвивале паралелно со вооружени непријателства
помеѓу двете страни. Во неколку наврати постоела можноста да се прекинат
преговорите и конфликтот да ескалира во отворена граѓанска војна.
Повеќе од 130 закони, законски измени и дополнувања се донесени
во изминатите години од имплeментацијата на Охридскиот рамковен договор. За успешна имплементација на договорот, беше формиран
Секретаријат за спроведување на Охридскиот рамковен договор, како дел од
Владата.