Здравје

Последните податоци од ИЈЗ покажуваат дека трендот на помал број заразени и починати продолжува

Извештај на ИЈЗ од 3 до 9 август 2020г.: Продолжува трендот на помал број новозаразени и починати, зголемен број на оздравени од Ковид-19

Министерството за здравство информира дека трета недела по ред продолжува трендот на намалување на бројот на новозаболени и починати лица, а се бележи благо зголемување на бројот на оздравени лица според податоците во неделниот извештај на Институтот за јавно здравје за периодот од 3 до 9 август 2020 година.

Намалување има во процентот на позитивни од тестирани случаи, кој изнесува 8,6%, во споредба со последните две недели кога 9,4%, односно 10% од тестираните беа позитивни.

Во однос на старосната структура на новозаболените и во овој период најголем процент се лица над 60 години – 25,9%, а поголем број на заболени се регистрира и кај лицата на возраст меѓу 30-39 години – 18,4%.

Во возрасната група 40-49 години се 17,9% од новозаболените, а во групата 50-59 години – 17,2%. Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 години – 1,6% и 10-19 години 4,0%. Од случаите, кои се епидемиолошки истражени, хоспитализирани се 78 лица или 13,6% од новозаболените, а кај 196 лица или 34,3% е регистрирано присуство на коморбидитети.

Од вкупниот број на епидемиолошки истражените новозаболени во овој период 34,8% имале контакт со потврден случај на Ковид-19, а 8 лица (13 помалку од претходната недела) имале историја за патување во странство во минатите 14 дена.

Во периодот од 3 до 9 август се регистрирани 1.038 оздравени лица, кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, што е благо зголемување во споредба со претходниот период. Во периодот од 3 до 9 август, регистрирани се 25 смртни случаи, што е намалување од 13,8%, во однос на минатата недела, кога исто беше забелжано намалување на бројот на смртни случаи.

Најголем дел од случаите се лица над 60 години – 56,0%. Во болнички услови се починати 21 од случаите, а четири вон болнички. Кај 19 од смртните случаи (76,0%) регистрирани се претходни коморбидитети.

Деталните извештаи на Институтот за јавно здравје за состојба со Сovid-19 во Република Северна Македонија – 03-09.08.2020, како и кумулативна состојба со Сovid-19 во Република Северна Македонија се достапни на веб страницата на Институтот за јавно здравје http://iph.mk.

Media Press

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

4 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago