Свет

Финска воведува задолжителни тестови за Ковид 19 и двонеделен карантин за патниците кои доаѓаат од ризични земји

Задолжителни тестови за Ковид 19 и двонеделен карантин ќе воведе Финска откако меѓу 157 патници кои од Скопје со авион слетале во фински град имало  24 заразени со корона вирусот.

Агенцијата Ројтерс јави дека на аеродромот во саботата било организирано доброволно тестирање на сите патници кои пристигнале со летот од Скопје, откако властите утврдиле дека два неодамнешни авионски летови од Македонија и Романија, се главни извори на нови инфекции со корона вирус во Финска.

Во иднина ќе биде задолжителен двонеделен карантин и ќе се прават тестови за корона вирус за секој што ќе пристигне од земја каде што има меѓу 8 и 10 случаи на Ковид-19 на 100.000 жители во последните 14 дена. Авиокомпаниите ќе мора да ги информираат патниците дека ќе бидат тестирани по доаѓањето во Финска.

Непочитувањето на двонеделниот карантин ќе биде санкционирано со затвор до три месеци или парична казна. Во Финска досега се евидентирани 7600 позитивни на Ковид-19 и 333 смртни случаи.  

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

4 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago