Здравје

Од 1885 тестирани регистрирани се 141 нов случај позитивни лица на Ковид-19

Министерот за здравство, Венко Филипче, на својата фејсбук страница известува дека во последните 24 часа се направени 1885 тестирања, а регистрирани се 141 нови случаи на ковид-19 во: Скопје 39, Куманово 10, Штип 23, Прилеп 1, Тетово 8, Струга 6, Битола 3, Охрид 2, Гостивар 13, Крива Паланка 2, Кочани 3, Пробиштип 1, Демир Хисар 3, Македонски Брод 3, Берово 1, Виница 3, Кратово 1, Свети Николе 1, Кичево 18.

Почината е една пациентка (51г) од Скопје во болнички услови.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 161 оздравени пациенти од: Скопје 60, Куманово 7, Прилеп 4, Тетово 3, Струга 15, Велес 1, Охрид 3, Кавадарци 7, Гостивар 35, Радовиш 1, Крушево 2, Пробиштип 1, Македонски Брод 1, Кратово 2, Свети Николе 13, Кичево 5, Ресен 1.

Досега во земјата се направени вкупно 117475 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 12083, бројката на оздравени пациенти е 8248, на починати е 529, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3306.

Media Press

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

4 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago