1.968 земојделски производители во општините: Гевгелија, Богданци и Дојран аплицирале на повикот од Mинистерството за земојделсто, шумарство и водостопанство за субвенции за Програмата за директни плаќања за 2020 година. Оваа година, значително е зголемен бројот на апликации во однос на минатата. Минатата година аплицирале 1866 земјоделски производители на ниво на општините: Гевгелија, Богданци и Дојран, информираа од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство- ПЕ Гевгелија.
На ниво на држава, поднесени се вкупно 65.554 апликации од земјоделци.
Процесот за поднесување на барањата го организираа подрачните единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, во соработка со Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.
Аплицирањето за субвенциите се одвиваше електронски. Но, дел од земјоделци кои не можеа сами да аплицираат и оваа година како и минатите тоа го сторија со помош од вработените во Подрачните единици на МЗШВ.
Конкурсот траеше до 31 јули, 2020 година. Во овој период се поднесуваа барања за субвенции за растително производство и тоа за полјоделски и градинарски култури, лозови и овошни насади, за сточарско производство, односно оние земјоделци кои одгледуваат говеда, овци, кози, пчели свињи, за финансиска поддршка за заклани животни во кланица.