Македонија

1325 тестирања, а регистрирани се 119 нови случаи на ковид-19, во Штип 17 нови случаи

Четири пациенти починаа од компликации од ковид-19, а министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1325 тестирања, а регистрирани се 119 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-35, Штип-17, Куманово-15,  Битола, Кичево  и Гостивар-8, Демир Хисар-5, Тетово-4, Прилеп, Струга, Велес и Охрид-по 3, Кавадарци-2, Крива Паланка, Кочани, Берово, Свети Николе и Ресен- по1.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 89 оздравени пациенти од: Скопје-22, Куманово-10,  Битола и Ресен-по 4,  Штип-12, Тетово-26, Струга, Демир Хисар, Кратово и Велес-по1, Пробиштип и Св.Николе-по 2, и Кичево-3,

Починати се 4 лица, три пациенти од Скопје (65, 66 и 73 години) и пациент од Гостивар (72г.). Сите пациенти се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 10617, бројката на оздравени пациенти е 6020, на починати е 480, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 4117. Досега во земјата се направени вкупно 100 940 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 3 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 81 пациент. На кислородна поддршка се 40 пациенти, нема пациенти на респираторна машина.

Во болницата во Козле се хоспитализирани 10 возрасни пациенти позитивни на ковид-19 и 2 деца позитивни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 10 нови, вкупно хоспитализирани се 100 пациенти. На респираторна машина се 5 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 32, а во болницата во Штип се хоспитализирани 44 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 118 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.

Од вчерашните 5 теста се конторлни и се евидентираат денес. Во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
• Скопје 4779, активни 1814
• Куманово 1038, активни 296
• Дебар 193, активни 123
• Штип 809, активни 441
• Прилеп 330, активни 57
• Тетово 1027, активни 228
• Струга 440, активни 190
• Велес 216, активни 18
• Битола 135, активни 70
• Охрид 272, активни 87
• Кавадарци 55, активни 38
• Гостивар 424, активни 258
• Гевгелија 22, активни 11 (*7 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 3 на Богданци)
• Струмица 35, активни 23
• Крива Паланка 24, активни 10
• Радовиш 29, активни 23
• Крушево 15, активни 9
• Кочани 98, активни 25
• Пробиштип 50, активни 26
• Демир Хисар 31, активни 27
• Македонски Брод 19, активни 15
• Пехчево 6, активни 0
• Берово 5, активни 2
• Валандово 6, активни 0
• Виница 8, активни 4
• Делчево 5, активни 4 (*4 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
• Кратово 13, активни 7
• Свети Николе 221, активни 179
• Кичево 142, активни 94
• Ресен 145, активни 33
• Неготино 25, активни 5 (*10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

4 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago