Нови системи за дезинфекција се поставени на двата влеза,
на булеварот Александар Македонски и на влезот од кај некогашниот радовишки монопол.
„Се одложи ден-два поставувањето на автоматскиот уред за дезинфекција на моторни возила на влезот во градот поради арогантниот однос на раководството на бензинската пумпа Макптерол кое не дозволи приклучување!
Поради тоа го приклучивме на друг начин и од денеска ќе функционира. Се замолуваат граѓаните да внимаваат и да ја почитуваат патната сигнализација“, вели градоначалникот на Општина Радовиш Герасим Конзулов во својата објава, коментирајќи го односот на бензинската пумпа околу приклучување на системот со електрична енергија. Поради што биле принудени на друг начин да го приклучат истиот. Тој ги замолува граѓаните за разбирање поради можеби послабото осветлување на булеварот во ниќните часови, бидејќу системот ќе фунционира од истата електирчна енергија.
Системот го постави екипа од ЈП
Плаваја, која денеска активно работеше на терен со цел истиот да биде пуштен во
функција. Екипите на Плаваја редовно вршат и дезинфекција на јавните површини
во градот, како и на јавните институции.
Инаку Општина Радовиш работи со
нормално работно време од 8 часа, со редуциран број на вработени поради летните
одмори, но сепак е отворена за извршување
на услугите на граѓаните.
Во моментот во општината има 23 позитивни случаи на Ковид- 19 и над стотина
лица во самоизолација. Од општискиот кризен штаб и понатаму апелираат до граѓаните да се придржуваат
до мерките и препораките, да не се групираат и да носат заштитни маски.