Македонија

Кривични пријави за претседателот на ФФМ и уште 24 физички и правни лица за проневера на 2,4 милиони евра!

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Скопје поднесе кривична пријава против 11 физички лица и 14 правни субјекти по основано сомнение за сторено кривично дело злосторничко здружување по член 394 ст.1, перење пари и други приноси од казниво дело по член 273 ст.1, злоупотреба на службена положба и овластување по член 353 ст.2, несовесно работење во службата по член 353-в ст.2, проневера во службата по член 354 ст.3, измама во службата по член 355 ст.1, фалсифукување или уништување деловни книги по член 280 ст.1, соизвршителство по член 22, помагање по член 24, и продолжено кривично дело по член 45 од Кривичниот Законик на Република Северна Македонија.

Од Управата за финансиска полиција информираат дека споменатите лица во кривичната пријава се осомничени за проневера на 2,4 милиони евра во Фудбалската федерација на Македонија со фиктивни фактури за наводно извршена продажба на стоки и услуги на ФФМ.

Со горенаведените инкриминирани дејствија пријавените физички и правни лица, во периодот од 01.01.2015 до 10.10.2019 година на незаконски начин се стекнале со противправна имотна корист во износ од 146.770.172 денари, за кој износ ја оштетиле Фудбалската федерација на Македонија. 

Media Press

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago