ЈП „Плаваја“ од Радовиш денеска работи на чистење на дивите депонии на патот кон планината Плачковица. Пред само четири месеци Општина Радовиш исчисти диви депонии на 11 локации во градот и во наслените места, во рамките на проектот на ЈПР за чистење на диви депонии во регионот.
Најзагадено и тогаш беше покрај патотот над полигонот кон планината Плачковица. Денеска повторно ѓубре покрај патот. И покрај апелот од градоначалникот Герасим Конзулов до граѓаните за поголема свест, со цел да не се врати сликата во првобитната сосотојба, посебно во летниот период кога има поголемо движење во природа, сепак за само четири месеци повторно се натрупа ѓубре покрај асфалтниот пат.
Денеска ЈП
Плаваја со својата механизација активно работи на терен со цел да се исчистат
сите помали и поголеми депонии. Во наредните денови како што дознаваме од директорот
Дејан Крстев ќе продолжат со чистење на
депониите и уредување на горниот дел покрај
коритото на Радовишка река, каде со години овој простор е запоставен а
често посетуван од радовишани.
И од ЈП Плаваја апелираат до граѓаните да бидат совесни и одговорни за животната средина, да не фрлат отпад насекаде, да го складираат и да го оставаат да го подигне екипата на ЈП Плаваја, задолжена за собирање на смет и одржување на јавната хигиена.
Токму хигиената на јавните места добиле најниска оценка од посетителите на земјава, анкетирани на граничните премини, а заедно со неа со најниска оценка за 2019 година е и патната мрежа, објави Државниот завод за статистика.