Гевгелија е еден од 16
градови во земјата каде ќе биде поставена монтажна модулна болница, во рамките
на иницијативата на Миниистерството за здравство на РСМ за отворање на 16
Регионални Ковид-центри. По видео-состанокот со градоначалниците на општините,
каде што ќе бидат лоцирани овие монтажни болници, Министерството за здравство
заедно со Комисијата за заразни болести имаа состанок и со директорите на
болниците.
Овие активности се одвиваат во рамки на подготовките на
здравствениот систем за есенскиот бран на Корона вирусот, а целта е да се
обезбеди соодветен третман и тријажа на пациенти позитивни или сомнителни на
КОВИД- 19, без при тоа да се компромитира редовното работење на болниците и
здравјето на другите пациенти.
Станува број за дополнителни времени капацитети, односно монтажни модуларни
болници или креирање на посебни патеки и услови во некои објекти.
Локацијата ја предложија од Општата
болница и со неа се исполнуваат двата основни критериуми: монтажен објект со
тријажен центар и стационар близу до Општата болница и да има непосреден
пристап до потребната инфратруктура, изјави градоначалникот Сашо Поцков,
додавајќи дека Оштината и Јавното комунално претпријатие се подготвени да ги
обезбедат потребните инфраструктурни поврзувања на монтажниот објект. Од страна на Општинскиот штаб за
заштита и спасување беше поддржана целата иницијатива и предложената локација,
вели градоначалникот.
Според директорот на Општата болница во Гевгелија- Митко Крџев, поставувањето
на ваков модул во Гевгелија е од посебно значење имајќи ги предвид најавите
околу натамошното продолжување на пандемијата од Корона вирусот.
Инаку, освен монтажниот модул, на површина од 450 квадратни
метри, ќе биде обезбедена и соодветна
медицинска опрема и кадар за работа во нив. Во лекувањето на КОВИД-19, покрај
инфектолози и интернисти, ќе бидат вклучени и лекари од други специјалности,
како и млади кадри што се на специјализација, односно оние со положен Државен
испит.