Гевгелија

Уништена урбаната опрема на археолошкиот локалитет и излетничко место „Вардарски Рид“

На археолошкиот локалитет и излетничко место „Вардарски Рид“ е сторен невиден вандализам. Изутринава, по извршениот увид од страна на Јавното претпријатие за комунална дејност „Комуналец“- Гевгелија, констатирано е дека непознат сторител ја искршил урбаната опрема. Искршени се клупите за седење и корпите за отпадоци.

Ваквиот чин е осуден од страна на Општина Гевгелија и градоначалникот Сашо Поцков и веднаш е побарано од надлежните органи да се преземат мерки за откривање и санкционирање на непознатиот сторител.

„Апелирам до граѓаните за високо-развиена свест и одговорно однесување кон она што е изградено за наше добро. Со ваквиот начин на однесување, само се нанесува штета на она што е заедничко наше, а со самото тоа се врши сквернавење на локалитет кој обележува една ера на вековно постоење и е истовремено излетничко место за одмор и рекреација,“ – истакна градоначалникот на општина Гевгелија, Сашо Поцков.

Ова е втор вандалски чин на Вардарски Рид. Минатата година, веднаш по еко-акцијата за чистење на отпадоците и санирање на оштетената урбана опрема „Со љубов за Вардарски Рид“, организирана од Здружението „Чејнџмејкерс“ во соработка со Општина Гевгелија, беше предизвикана штета од ист карактер.

Media Press

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago