Министерството за транспорт и врски во склоп на проектот за поврзување на локални патишта го објави тендерот за локалниот пат Прналија-Супурге во должина од 3 км.
Тендерот е објавен на 18.07.2020 и трае до 18.08.2020 година.
Целиот проект ќе се гради во 5 фази.
Почеток ОПШТИ РАБОТИ
- Поставување на траса и изработка на цртежи
- Изработка на план за контрола на квалитет
- Дополнителни геотехнички истражувања и лабораториски тестирања
- Дислокација на објекти
- Изработка на проект на изведена состојба
- Изработка или подобрување на објекти за чувствителните групи на корисници
- Одржување на сообраќајна сигнализација за време на изведба на градежните работи.
- Изработка на Сообраќаен проект за времен режим на сообраќај
Прва фаза ПРИПРЕМНИ РАБОТИ
- Обележување и осигурување на трасата
- Дислокација на бандери
- Сечење на асфалтна конструкција за спој со постоечки асфалт нормално и паралелно на осовината при вклопување со постоечкиот асфалт, сечење со пила до 20 см.
- Рачно премачкување на слоевите помеѓу стар и нов асфалт со битуменска емулзија ПБ-200
Втора фаза ДОЛЕН СТРОЈ
- Ископ на хумус и насипан материјал со транспорт во депонија
- Ископ на земја во широк откоп на траса со попречно буткање складирање до 60 см
- Ископ на земја во широк откоп на траса со транспорт во депонија
- Набивање на подтло
- Изработка на насип од земјан материјал
- Изработка на постелица-планум на долен строј
- Планирање на косини
Трета фаза ОДВОДНУВАЊЕ
- Ископ на канавки (утовар и транспорт до депонија)
- Изработка на бетонски канавки МБ40 на подлога од песок 30/30/30
- Изработка на БЦП комплет со армирано бетонска глава и казанче ф-800
Четврта фаза ГОРЕН СТРОЈ
- Набавка, транспорт и вградување на тампонски слој од дробен камен Д=30 см
- Изработка на БНХС 16 А д=7.0 см.
- Изработка на банкини со механичка стабилизација од дробен камен од д=30 см.
- Изработка на асфалтни риголи БНХС 16А (50см/д=7 см.) комплет со рабник 18/24 врз подлога од бетон МБ 20
Петта фаза ВЕРТИКАЛНА И ХОРИЗОНТАЛНА СИГНАЛИЗАЦИЈА
- Набавка и поставување на насочници
- Набавка и поставување на знаци за опасност – комплет – со страна 60 см
- Набавка и поставување на знаци за изричита наредба – комплет
– со страна 60 см
– со дијаметар 60 см