Радовиш

Радовишанец загина во сообраќајна несреќа на магистралниот пат Штип-Кочани

Во сообраќајна несреќа која се случи синоќа кај с.Кучичино на магистралниот пат Штип-Кочани загина еден од возачите на возилата.

Несреќата се случила помеѓу автомобил  „фолксваген поло“, со радовишки регистарски ознаки, управувано од С.З.(71) од Радовиш и патничко возило „форд фокус“, со штипски регистарски ознаки, управувано од Н.Р.(29) од Штип. 

Во несреќата на самото место починал С.З. од Радовиш, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош, додека пак Н.Р. се здобил со повреди и бил пренесен во Здравствена установа Кочани.

„На 19.07.2020 околу 21.25 часот на магистралниот пат Штип-Кочани, во близина на крстосница за с.Кучичино, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „фолксваген поло“, со радовишки регистарски ознаки, управувано од С.З.(71) од Радовиш и патничко возило „форд фокус“, со штипски регистарски ознаки, управувано од Н.Р.(29) од Штип.

С.З. починал на местото на незгодата, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош,  Увид на местото на незгодата извршила екипа од Полициска станица Кочани.“ – Стои во соопштението од МВР

Media Press

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago