Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски, денеска присуствуваше на онлајн работилницата организирана од Организацијата на храна и земјоделство при ООН (ФАО) , на којашто се разговараше за Проект за климатски промени „Зголемена отпорност на земјоделскиот сектор преку промовирање на пaметни климатски практики во земјоделството”.
„ Стратегијата ќе биде насочена кон дијагностицирање на проблемите и дефинирање на концепт на развој и одржливост на хидро мелиоративните системи во Република Северна Македонија во наредните 20 години, а ќе се утврди и потребата од инвестиции во постоечката инфраструктура, како и градење на нови системи согласно потребите на земјоделското производство. Во Проектот е предвидена поддршка со Управата за хидрометеорлошки работи, која имаше активно учество во претходниот проект, преку кој се поставија три автоматски агро-метеоролошки станици во земјоделските региони во државата и се изработи наменска веб страна agro meteo, “, изјави минисерот Димковски.
На состанокот беше заклучено дека земјоделството е особено чувствително на екстремни временски услови и катастрофи. Климатските промени предизвикуват големи штети на земјоделското производство и влијаат на руралната егзистенција и сигурноста на храната. Особено ранливи на климатските промени се малите земјоделски стопанства поради нискиот капацитет за адаптација предизвикан од низа фактори меѓу кои ограничена едукација за влијанијата на климатските промени, недостаток на средства за тестирање и демонстрација на адаптивни земјоделски практики, недоволни системи за наводнување во однос на капацитетите и техниките за заштеда на вода, итн.
Проектот ќе трае 19 месеци и во неговата имплементација ќе бидат вклучени релевантни министерства, институции, владини агенции, земјоделски здруженија, академијата како и релевантни меѓународни партнери.