Здравје

Регистрирани се 164 нови случаи на ковид-19, 5 починати лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1612 тестирања, а регистрирани се 164 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-59, Свети Николе-23, Куманово-12, Дебар-18, Штип- 17, Гостивар-9, Тетово, Струга и Кичево -6,  Кавадарци, Пробиштип-2,   Прилеп, Битола,  Ресен и Демир Хисар-1.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 74 оздравени лица од: Скопје-42, Штип-7,  Струга-4,  Охрид-6, Кавадарци-3, Свети Николе-2, Ресен-7, Тетово Неготино и  Велес.
Починати се 5 лица, тројца пациенти од Скопје, еден од Тетово и еден пациент од Ресен.
Во ГОБ „8 септември“ починаа двајца пациенти на возраст од 35 и 65 години. Во ОБ Битола почина пациент од Ресен на возраст од 70 години. Во КБ Тетово е починат пациент на 51 година. Вон болнички услови е починат пациент на 77 години.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 8786, бројката на оздравени пациенти е 4676, на починати е 406, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3704. Денес се евидентира еден контролен тест и една исправка кај оздарвени лица од вчерашните.

Во моментов најголем број на случаи има во Скопје- 4141, активни 1837. Во  Штип  активни се 213.  Во општините од Југоистокот во  Гевгелија активни 3 (2 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Богданци, еден е од Дојран) • Струмица  активни 16 , во  Радовиш 11 активни.  

Досега во земјата се направени вкупно 83216 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

4 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago