Гевгелија

Времената депонија кај Ново Конско ќе функционира со обезбедена електрична енергија од фотоволтаични панели

На Времената депонија кај Ново Конско се инсталираат фотоволтаични панели кои ќе обезбедуваат електрична енергија за функционирање на овој новоизграден комунален капацитет. Со тоа, всушност, се обезбедени сите предуслови за профункционирање на Времената депонија. Инсталирањето на фотоволтаичните панели следува по завршената тендерска постапка и потпишувањето на договорот со фирмата „Елмотерм“ од Гевгелија која имаше најповолна понуда, информираат од Општината.

„Со изградбата на патот до Времената депонија кај Ново Конско со средства од ИОМ, обезбеденото снабдување со електрична енергија од општински средства, Времената депонија полека станува функционална. До крајот на јули се очекува од страна на Министерството за животна средина да биде распишан тендерот за ревитализација на Старата депонија кај Сува Река што е предуслов и за профункционирање на Новоизградената депонија.          

            Имено, профункционирањето на Новата депонија ќе се одвива паралелно со ревитализацијата на Старата депонија“, вели градоначалникот на општина Гевгелија, Сашо Поцков.        

            Целосната ревитализација на Старата депонија е зафат што значително ќе ја подобри еколошката слика за Гевгелија. За таа цел, потпишан е договор меѓу Грчката амбсада со Швајцарската агенција за развој (SECO) за пренасочување на 400.000 евра од неискористениот грчки грант за изградба на Прочистителната станица кај Гевгелија за санација на Старата депонија.

            „Според веќе изработениот проект, по профункционирањето на Времената депонија кај Ново Конско, предвидена е изградба на уште еден заштитен ѕид на Сува Река кај Старата депонија. Потоа, транспортирање на исцедокот од отпадот до Времената депонија, третирање на комуналниот отпад и уредување на целиот простор на Старата депонија во зелена површина.

             Со ревитализација на Старата депонија ќе се обезбеди не само заштита на Сува Река и крајбрежјето од загадување, туку и оплеменување на овој простор на устието од реката Вардар, а во непосредна близина на Гевгелија. Од Министерството за животна средина на РСМ е најавено дека тендерот за ревитализација на Старата депонија ќе биде распишан веднаш по изборите“, велата од општината.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

4 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago