Македонија

Бугарија и Грција со забрани за влез за македонски граѓани до 31 Јули

Бугарија донесе одлука за привремена забрана за влез на нејзината територија за сите лица од Северна Македонија заклучно до 31 Јули. Забраната важи за сите граѓани без оглед на нивното државјанство. Одлуката е донесена како резултат на лошата епидемиолошка ситуација со вирусот во земјава.

Забраната важи и за граѓани на Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Косово, Албанија и Турција. Исклучени се само македонските државјани кои транзитираат преку Бугарија за да се вратат дома.

Забрана за влез на македонските граѓани ја продожува и Грција. Забраната за влез на грчка територија на лица важи за сите авионски, железнички и копнени поврзувања со земјата.

Исто како и Бугарија, Грција има исклучок во оваа забрана и тоа за транспорт на стоки, како и за влез на лица за апсолутно неопходни професионални причини или за транзит на болнички возила.

Патување без ограничувања за македонските државјани е можно само во Србија и Албанија, додека за влез во Косово е потребно да се приложи негативен тест кој не смее да биде постар од 72 часа. Негативен тест не е потребен доколку македонски државјани слетаат на аеродромот „Адем Јашари“ во Приштина и потпишат изјава дека во рок од три часа ќе го напуштат Косово.

Media Press

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

4 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago