Според податоците од Државната изборна комисија, излезноста на парламентарните избори до 13 часот е 24,61 отсто од обработени податоци од 3 383 гласачки места каде гласале 446 438 гласачи.
На веб страницата на ДИК за резултатите од овие парламентарни избори, во моментов најголема излезенос има во Изборна единица 3.
Во Изборна Единица 1 во моментот е излесеноста е 27.36%, при што најмногу во општината Карпош каде излесеноста е 31.25%. Во Изборна Единица 2 излезеноста во моментот е 22.68%, и тоа највисока е во Ѓорче Петров со 29.17 проценти од 38 142 гласачи. Највисока излезеност во Изборна Единица 3 има со 82 760 гласачи. Во оваа изборна единица Крива Паланка има најголема излезеност, вкупно 43.46%, додека најмала излезеност има во Куманово и тоа само 7.67%.
Во Изборна Единица 4 излезеноста е 28,30 проценти, Гевгелија има најголем процент на излезеност на гласачи 34.63 проценти пред Прилеп со 33.59% и Неготино 33.42%.
Во Радовиш излезеноста до моментов е 20.9% според резултатите од Државната изборна комисија. Вкупен број на избирачи е 24,207 распоредени во 46 гласачки места. Своето право на глас го искористиле 5,059 граѓани.
Во Изборна единица 5 одѕивот е 24.12, при што со најголем процент на излезеност имаат Вевчани 39.86% и Крушево со 37.84%.
Во ИЕ 6 излезеноста до 13 часот според ДИК е 16,54%, при што се издвојуваат општините Тетово со 19, 11% и Јегуновце со 17,05 отсто.