Здравје

Расте бројот на заразени во земјава и во светот, не помагаат ниту казните за неносење заштитна маска

Во текот на изминатото деноноќие (12/13.07.2020 година) на територијата на Република Македонија по однос на мерката за неносење лична заштита на лице регистрирани се 237 прекршоци, и покрај апелите да се почитуваат мерките.

Во последните денови бројката на нови случаи во државата постојано расте. Се појавија нови случаи и во градови во кои немаше ниту еден заболен. Во моментот во Радовиш има 4 регистрирани случаи од Ковид 19. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во Македонија од почетокот на епидемијата изнесува 8111. Бројката на оздравени пациенти е 4203, на починати е 382, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3526

Бројот на досега заразени пациенти со ковид-19 во светот надмина 13 милиони. Точно 13 042 340 лица досега се дијагностицирани. Од нив, 571 689 починале, а 7 588 510 оздравеле. Најголем број од заразените и починатите се во САД. Досега се заразени 3,4 милиони, а бројот на смртни случаи изнесува 137 782.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago