За гласање на парламентарните
избори до синиќа на полноќ во ДИК
се пријавиле вкупно 697 болни од Ковид-19 и лица во самоизолација. За гласање
се пријавиле и 9.020 немоќни лица и хронично
болни.
Лицата
кои се во домашен карантин заради позитивен тест на КОВИД-19 и лицата на кои им
е одредена мерка самоизолација со решение од Државен санитарен и здравствен
инспекторат, ќе гласаат на 13 јули во нивните домови. Немоќните и хронично
болните ќе гласаат на 14 јули.
Лицата чии резултати ќе бидат позитивни после 8 јули или ќе
бидат ставени во самоизолација по овој датум, нема да може да се пријават за
гласање.
Се
уште трае пријавувањето за гласање на лицата во домашен притвор. Рокот за тоа
завршува на 11 јули.
На
изборниот ден, на 15 јули, избирачките места ќе бидат отворени во 7 часот, а
гласањето ќе трае до 21 часот, два часа подолго од вообичаеното на претходните
избори кога гласачките места се затвораа во 19 часот.
Право на глас на изборите ќе имаат 1.814.263 гласачи
Лица кои се
иселиле или работат во странство во посебните избирачки списоци се запишани
83.054 гласачи. Во посебниот избирачки список за лицата во затвор и во притвор
се запишани 1.657 гласачи, во старските домови 357 и шест лица се водат како
внатрешно раселени лица.