Државната изборна
комисија информира дека ќе биде
организирана и спроведена симулација за безбедно гласање, на едно избирачко
место, во која што ќе биде опфатен целиот изборен процес и на која што ќе бидат
поканети медиумите, набљудувачите, претставници на Министерството за здравство
и претставници на амбасадите во Република Северна Македонија.
Во врска со гласањето
кое ќе се спроведува на 13 јули 2020 година и 14 јули 2020 година и имајќи
предвид дека се работни денови, Државната изборна комисија препорача сите
членови на избирачките одбори кои ќе го спроведуваат гласањето овие денови, да
бидат ослободени од работа, без разлика дали истите се во работен однос во државна
институција или приватен сектор.
На денот на
Предвремените избори за пратеници во Собранието на Република Северна
Македонија, 15 јули 2020 година забрането е носење на маски за медицинска
заштита на кои има партиски симболи. Истото претставува политичка пропаганда и
согласно тоа известено е Министерството за внатрешни работи, да овластените
полициски службеници кои ќе го обезбедуваат избирачкото место, покрај во самата
просторија определена за гласање, да не дозволуваат лица со вакви партиски
симболи да влегуваат во просториите за гласање.
Сите преземени
активности, препораки и известувања ќе бидат објавени на веб страницата на
Државната изборна комисија.