Продолжува предизборната кампања, партиите имаат уште шест дена да се претставуваат пред граѓаните
Остануваат уште шест дена политичките партии и коалициите кои ќе
учествуваат на предвремените парламентарни избори на 15 јули, да ги претстават своите изборни програми пред
граѓаните. Кампањата завршува на 12 јули во
недела, во 24 часот кога и
официјално почнува предизборниот молк.
„За висок економски раст потребни се силни институции. Во периодот 2020-2023 година ВМРО-ДПМНЕ ќе работи на интензивирање на економскиот раст преку изградба на силни институции, одржување на високи капитални инвестиции од буџетот, посилна инвестициска активност на домашниот приватен сектор, но и преку нови странски инвестиции и раст на извозот“ порача Лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски при вчерашната посета на општинити во струмичкиот регион, Ново Село, Босилово и Василево.
„Таму
ќе најдете поголема просечна плата, како да дојдеме до неа за 25 проценти од
тоа што е денес. Таму ќе најдете како до поголеми пензии, најмалку 20 проценти
поголеми пензии од тоа што е денес. Враќање на старото законско решение кога
пензијата растеше два пати годишно, а не како што тоа денес се случува кога
едно покачување добија пензионерите поредизборно мислејќи дека изборите ќе се
случат во април“, истакна Мицковски.
Во програмата ќе најдете вели Мицкоски, како до четири милијарди евра инвестиции и како да дојдеме до најнизок данок во Европа од осум проценти и нула данок за секој оној што ќе вработи лице до 29 години
СДСМ
презентацијата на програмата вчера ја насочи пред се кон политиките за младите.
Лидерот Зоран Заев најави дека преку конкретни, ефикасни, структурни мерки и
политики, се обврзуваат стапката на младинска невработеност до 2024 година да
ја донесат под 17 проценти. За таа цел, потенцира тој, Оперативниот план за
активни програми и мерки за вработување за оваа година продолжува со рекорден
буџет за 2020 година од 1,3 милијарди денари и тој буџет ќе продолжи да расте.
„Обезбедуваме
поврат на персонален данок за сите нововработени до 29 години во првите две
години од работењето. Ова се пари кои одат директно на сметките на младите,
односно повисоки плати за 10 посто веднаш. Мерката за три илјади денари месечен
младински додаток во производството за вработени млади лица до 23 години со
завршено најмалку средно образование продолжува и понатаму“, порача Заев.
Караванот на коалицијата „Можеме“ предводена од СДСМ денеска својата програма ќе ја претстави пред граѓаните во Гостивар и Делчево, додека коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ „Обнова на Македонија“ ги продолжува своите изборни активности во Лозово, Свети Николе и Велес.
Кандидатот на ДУИ за прв премиер
Албанец, Насер Зибери, пак, на вчерашната прес-конференција пред Владата на
која презентираше делови од својата програма изрази очекување неговата
кандидатура за премиер да биде поддржана од припадници на сите етнички заедници.
Алијансата
за Албанците и Алтернатива од Куманово ги повикаа гласачите да ги поддржат на
15 јули и истакнаа дека е време за промени во албанското општество во државата.
Партијата
„Интегра“ пред гевгеличани вчера вети редуцирање на јавната администрација,
нова транспортна стратегија со 956 километри брза железница по која за еден час
ќе се стигнува до секоја точка,