Победниците кои што беа дел од програмата за стипендирање на талентирани ученици на компнаијата Солвеј, преку рудникот Бучим од Радовиш во 2020 се, Тамара Велкова од Радовиш и Драган Петров од Конче.
На Мила Ангелова од Радовиш, како
признание за нејзините импресивни достигнувања
и е доделен интензивен курс по англиски јазик.
Годинава, 17 апликанти беа
примени во првата фаза од Северна
Македонија, од кои 11 го продолжија и успешно го завршија курсот по англиски јазик и се здобија со
сертификати за познавање на англиски јазик.
Оваа година и покрај
пандемијата од Корона вирусот, образовната стипендиска програма организирана од Солвеј се одржа
непрекинато. Организаторите на програмата ја продолжија наставата онлајн и ја
прилагодија програмата согласно новонастанатите услови, за да можат да ги
исполнат дадените ветувања на учесниците.
Учесниците покажаа изворедна
посветеност во процесот на изучување на англискиот јазик, ги почитуваа сите упатства за изборниот процес
и доставија прекрасни видео изведби. Присуствуваа редовно
на часовите и сите кандидати
значително ги подобрија своите јазични вештини.
„Летниот Салцбуршки оперски камп е откажан, но сепак Салцбуршкиот фестивал и Солвеј, ќе им организираат на победниците бесплатно патување во Салцбург. Организаторите на програмата мораа да пронајдат најдобар начин за исполнување на своите ветувања, бидејќи летниот оперскиот камп нема да биде организиран заради ограничувањата со патувањето. Се направи посебна, редизајнирана програма, за стипендистите на Солвеј, која ќе им овозможи на младите љубопитни таленти интеграција во широкиот спектар на професии што ги нудат оперските куќи ширум светот. За време на нивната посета на Салцбург, покрај посетите на пробите и обуките, победниците ќе имаат можност да бидат дел работилници организирани од Салцбуршкиот фестивалот, во кои професионални театарски занаетчии ќе им ја покажат производната страна на оперската магија на младите таленти. Патувањето во моментов е планирано за јануари 2021 година“, рече заменик генералниот директор на рудникот Бучим Николајчо Николов.
Тамара Велкова и Драган Петров од Македонија, заедно со другите победници од Украина и Гватемала, ќе имаат можност за едно незаборавно искуство.