Политичката партија Левица,
согласно Изборниот законик, вчера ја започнува својата изборна кампања
како самостоен учесник, т.е. подносител на листи на кандидати за пратеници на Предвремените
парламентарни избори 2020.
„ На претстојниве историски
избори, кои се од суштинско значење за развојот и просперитетот на Република
Македонија, Левица – согласно официјално потврдените листи од ДИК – ќе настапи под
реден број 4 во сите шест изборни единици: носител на ИЕ 1 е
претседателот на Левица – проф. д-р Димитар Апасиев.
Во оваа кампања, спроведувана
во вонредни и кризни околности на пандемија, а во интерес на јавното здравје,
Левица ќе се усмери кон водење креативна кампања, првенствено на
социјалните мрежи и на медиумите, додека ќе избегнува масовни собирања и
митинзи. Планирано е да се отворат и неколку наши локални канцеларии ширум
Републикава, со доследно почитување на протоколите за заштита на населението од
заразни болести. Официјалниот слоган на кампањата е: Државата за народот –
Левица во парламент!
За сите наши централни и
локални активности, било на републичко или на општинско ниво, благовремено ќе
бидете брифирани и известени ден претходно – како би можеле истите
медиумски да ги покриете, согласно законскиот принцип на пропорционалност и
избалансираност во известувањето“, стои во известувањето од Левица.
Левица повикува на водење
достоинствена и цивилизирана позитивна кампања, почитувајќи ги личноста
и дигнитетот на политичките опоненти.