Македонија

Стартува предизборната кампања. СДСМ ја почнува капањата од Струмица, ВМРО-ДПМНЕ од Охрид, ДУИ од Преспа

Од денеска започнува изборната кампања за предвремените парламентарни избори кои ќе се одржат на 15 јули, за прв пат во не вообичаени услови за едни избори. Караванот на Коалицијата „Можеме“, најавија кампања без масовни митинзи и посети на домови. Грижејќи се за здравјето на граѓаните и целосно почитувајќи ги мерките за заштита од ковид-19, коалицијата „Можеме“ најави дека ќе организира изборна кампања по строго утврдени протоколи.

„За запознавање со понудата, коалицијата „Можеме“ на распологање ќе ги стави сите онлајн и дигитални алатки на располагање, како и засилено присуство на традиционалните медиуми. За подобра двонасочна комуникација со граѓаните, ќе се органзиираат средби со целни групи, како и мали трибини во контролирани услови и со точно утврден број на присутни, со целосно почитување на мерките и задолженијата од надлежните институции“, се вели во соопштението.

На првиот ден од 20-дневната изборна кампања, караванот на Коалицијата „Можеме“ предводена од СДСМ ќе биде во Струмица и Виница. На првата мала, здравствено безбедна трибина во Струмица  ќе учествуваат носителите на изборната единица 4, претседателот на СДСМ, Зоран Заев и Соња Мираковска.

Во текот на оваа недела централниот караван ќе одржи мали собири, целосно здравствено безбедни трибини и во Охрид (четврток) Велес (петок) Општина Центар (сабота) и Куманово (недела).

Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ „За обнова на Македонија“ изборните активности ги почнува во Охрид, Скопје, Струмица и Тетово, а ДУИ со промотивна конвенција на кандидатите во Преспа.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска ќе го посети Охрид, каде во 20 часот ќе има средба со граѓани. Проф. д-р. Гордана Силјановска Давкова, носител на Изборна единица 1 ќе ја посети скопската општина Карпош,

Владо Мисајловски, носител на Изборна единица 2 ќе го посети Ѓорче Петров.

Александар Николоски, носител на Изборна единица 4 ќе ја посети Струмица.Игор Дурловски, носител на Изборна единица 5 ќе го посети с.Велгошти, и Дафина Стојаноска, носител на Изборна единица 6 ќе го посети Тетово.

Демократската Унија за Интеграција денеска во Преспа ќе ја започне изборната кампања за предвремените парламентарни избори на 15 јули со промотивна конвенција на кандидатите за пратеници.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago